Рекордна продажба – Денвер Бронкорс добија нови газди


НФЛ франшизата Денвер Бронкос и официјално има нови сопственици. Според американските медиуми, Денвер Бронкос стана тим за чија продажба се издвиени најмногу пари во историјата на спортот. Новите сопственици франшизата ја купија за 4,65 милијарди долари.

Да потсетиме, ко-сопственикот на Лос Анџелес Доџерс неодамна го купи Челзи и постави рекорд, а сега е срушен благодарение на првиот човек на Волмарт, Роберт Волтон и инвестициската група што ја собрана околу него.

Продажбата на Денвер трае од 2019 година, кога почина тогашниот сопственик Пет Булен, кој ги купи Бронкос во 1984 година за околу 70 милиони долари.

Најскапата продадена НФЛ франшиза беше Каролина Пантерс, која доби нови сопственици во 2018 година за 2,28 милијарди долари.

„Среќни сме што ја завршивме работата околу Денвер Бронкос. Кери, Грег и јас сме многу инспирирани од оваа можност што ни се појави бидејќи сега сме дел од посветена група луѓе составена од целата заедница. Долго време живеев и работев во Колорадо и секогаш им се восхитував на Бронкос. Ентузијазмот растеше низ годините, а јас научив толку многу за сето ова во последните неколку месеци“, изјави Роберт Волтон.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...