Просечната нето-плата за месец март годинава бележи зголемување за 3.845 денари, во однос на истиот месец лани. Веста ја соопшти првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кој на својата официјална веб-страница напиша дека Владата останува во процес на подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Целосна објава:
Се бележи ново рекордно зголемување на просечната нето-плата за 3.845 денари, која сега достигна 34.925 денари, а тоа претставува зголемување од 12,4% во однос на месец март минатата година.
Владата останува посветена на понатамошно зголемување на платите и постојаното подобрување на животниот стандард.