Републиката во движење на Макрон преименувана во Преродба


Фото: Фејсбук/Емануел Макрон

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката во движење, го смени своето име во „Преродба“, „народна партија чија задача е да биде отворена за граѓаните и пратениците од каде и да доаѓаат“, изјави денеска нејзиниот генерален секретар Станислас Гуерини.

– Ние пристапивме кон радикалната реформа на Републиката во движење за да можеме да продолжиме да го шириме ова политичко движење, кое беше основано пред нешто повеќе од шест години од претседателот Емануел Макрон и кое ќе се нарекува „Преродба“ – рече Гуерини.

Тој ова го кажа на прес-конференција во Париз, на која присуствуваа поранешниот премиер Едуар Филип (партија Хоризонти), претседателот на националното собрание Ричард Феран (ЛРЕМ) и поранешниот министер Франсоа Бајру (Партија Модем).

Сите овие партии го најавија сојузот наречен „Заедно“ во кој се приклучуваат во пресрет на парламентарните избори на 12 и 19 јуни.

Емануел Макрон победи на претседателските избори на 24 април со 58,55 отсто од гласовите, но неговата битка со кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен (41,45 отсто) ја покажа длабоката поделеност во земјата.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...