[ad_1]
За да остане во ПСЖ, Килијан Мбапе, ги условил клупските челници не само огромен договор до 2025 година, туку и побарал да има влијание во носењето на одлуки клучни за функционирањето на клубот, тврди денеска „Мундо депортиво“ и објаснува како изгледа оваа досега невиден моќ што ја добил еден фудбалер.
Според овој извор, Мбапе повеќе не е само играч, туку човек чиј глас, заедно со тренерот, спортскиот директор и претседателот, важи подеднакво кога се во прашање кадровските решенија за продажба и купување на играчи.
Работите наводно отишле толку далеку што Мбапе составил листа за „отстрел“ во која биле вклучени 14 луѓе од клубот. „Мундо депортиво“, листата ја наречена „црната листа на Мбапе“.
Меѓу тие 14 непожелни се тренерот Маурисио Покетино и 13 соиграчи, меѓу кои Тило Керер, Јулијан Дракслер, Данило Переира, Леандро Паредес, Андер Ерера, Лајвин Курзава, Мауро Икарди, Пабло Сарабија, Хуан Бернат, Идриса Геје, Серхио Рико.
Катарските сопственици наводно веќе го одобриле списокот, а сега се водат разговори за тоа кого ПСЖ ќе донесе во текот на летниот преоден рок. Мбапе, исто така, наводно веќе го одобрил доаѓањето на Аурелиен Чоамени од Монако доколку ПСЖ успее да го „грабне“ овој фудбалер пред носот на Реал Мадрид.
Да потсетиме, претходно „Паризиен“, пишуваше за големите промени во ПСЖ, но не во режија на Мбапе. Во ПСЖ, откако Мбапе остана во клубот, дојде до промена на функцијата спортски директор. Бразилецот Леонардо го напушти клубот, на неговото место дојде Луис Кампос, долгогодишниот спортски директор на Лил, кој претходно беше во Монако.
Според овој извор, Кампос е доведен како човек кој треба да ја креира спортската политика на ПСЖ во следните неколку години, се со цел порационално да се трошат парите и конечно да се стигне до трофејот од Лигата на шампионите. „Паризиен“, денеска објави дека првиот чекор на Кампос ќе биде да го исчисти постоечкиот персонал.
Според француските медиуми, дури десет играчи на кои не смета Кампос ќе го напуштат клубот во овој преоден рок. Тоа се: Серхио Рико, Лајвин Курзава, Тило Керер, Абду Диало, Леандро Паредес, Андер Ерера, Данило, Идриса Геје, Јулијан Дракслер и Мауро Икарди.
Анхел Ди Марија кому му истече договорот веќе го напушти клубот, а многу медиуми пишуваат дека од врвот на ПСЖ пристигнуваат информации дека шеиците се спремни да слушаат понуди за Нејмар. Тие не се склони да продаваат, но ако некој стави на маса сума што би ги заинтригирала, тие се отворени за преговори.
Во оваа верзија на расплетот се споменува и позицијата на Маурисио Покетино, но овојпат само како позиција за која треба да се разговара, а не нужно како позиција на која ќе дојде до промена. Што е всушност точно за овие написи ќе биде јасно кога ќе заврши преодниот период.