PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ристевска Јордановa: Сите сме фрустрирани од потезите на Унијата

Mar 17, 2022

„Ги предвидуваме следните чекори. Оние што ја познаваат ЕУ знаат што треба да се очекува. Во однос на преговорите, сите сме фрустрирани од потезите на Унијата. Јасно е дека има голема хипокризија. Веќе плаќаме голема цена и веќе сме платиле голема цена за да стигнеме. Уште не се почнати преговорите, а веќе го сменивме името. Факт е дека не сме во рамноправна позиција со Бугарија, таа го користи членството во ЕУ. Ова се прашања на национален идентитет. Граѓаните веќе реагираат на таа потчинетост. Колку и да сме мали, ние сме суверена држава. Ако ние се почитуваме, ќе не почитуваат и другите“ – вели Малинка Ристевска Јорданова, член на УО на ЕПИ во Студио 10 на ТВ24.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Таа смета дека Борел дојде во Скопје за да даде поддршка за земјава, а истото го стори и во Албанија.

„Најнезгодната точка на неговата посета беше прашањето за отворање на преговорите. Барем беше искрен. Не даде лажни ветувања“ смета Ристевска Јорданова.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ