РКЕ: Парното од август поскапува за 14,18 отсто

Цената на парното од први август ќе рипне за 14,18 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски рече дека новата цена на парното исклучиво зависела од цената на гасот кој поскапе за два пати од лани.

Бислимовски апелира до институциите на локално и на државно ниво да ги имплементираат препораките на ЕУ за штедење на енергија зашто еден степен помала температура прави заштеда од 5 проценти на енергенси.

„За просечна сметка од 1800 денари, значи дека ќе се зголеми за 250 денари. Од почетокот на годината цената на парното е зголемена за 28,18%, и доколку не беа субвенциите на владата од 23% сегашното зголемување на цената на парното ќе беше 51%, изјави Бислимовски.

Се предвидува ТЕ-ТО да обезбеди 70 проценти од потребната топлинска енергија, а 30 проценти да се обезбедат од топланите.

„Доколку не е можно да се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија во ТЕ-ТО и топланите, тогаш сета потребна топлинска енергија ќе мора да се произведе во топланите со користење на мазут, што е многу неповолно од еколошки аспект, и е ризично заради потенцијалната неможност да се обезбедат потребните количини на мазут, изјави Бислимоски.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...