Родители ќе носат деца во градинка, министерката бара СОНК да им ги надомести платите на штрајкувачите

Се зголемува притисокот и врз воспитнообразовните установи откако СОНК и Владата не се договорија и штрајкот продолжува и денеска. На стартот на втората недела од прекинот на наставата и протестот во градинките, за денеска се најавува дека поголем број родители од некои скопски градинки ќе ги носат своите деца во градинка.

Дали ќе бидат примени, како што и наложува законот и во услови на штрајк, останува да се види. Родителите во текот на викендот се организирале да ги однесат своите деца во воспитните центри затоа што не можеле да земаат отсуства од работа повеќе. Додека делумно и покрај поддршката, расте револтот и од родителите, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска синоќа на фејсбук напиша дека во штрајк СОНК треба да им ја надомести на наставниците платата.

„Законот за работни односи кој го регулира правото на штрајк и надоместокот на плата за време на штрајк, како и Колективните договори кои СОНК ги има потпишано во образование и во детска заштита уредуваат дека за време на штрајк, на работниците кои штрајкуват работодавачот исплаќа придонеси на плата на најниската основица за исплата на придонеси, а нето плата може да им исплати организаторот на штрајк.

Дали СОНК ќе ги надомести платите на наставниците, професорите воспитачите и негувателите, зошто Законот им дава таква можност? Или раководството на СОНК плата ќе си земат ама за членството ќе нема? Чланарина плаќа секој член, секој месец од плата има задршка за СОНК. Солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, СОНК, напиша Тренчевска на фејсбук.
Претходно и во текот на двата дена од викендот родители се организираа и одлучија да ги носат децат аво градинка. Се создава притисок и кај тие кои имаат ученици во основните и средните училишта.

„Колатерална штета се оние наставници/професори кои посветено и со љубов си ја работат работата. За нив не 18 отсто, за нив двојно треба. Знаете дека овие наставници без денар ги спремаат децата на натпревари, држат екстра часови, ги стимулираат да се вклучуваат во проекти… И на другата страна други, кои ни професија сакаат, ни деца. Зошто да се исто платени? Овие плати, се исплатуваат од буџет и не е тоа еднократно, туку и следна година и таа по неа. Од каде пари? Ќе се задолжиме пак и пак, прашуваат родители.

Не се согласуваат и со тоа часовите да се обработуваат по 10 јуни.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...