PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Романскиот министер за одбрана поднесе оставка откако изјави дека преговорите со Русија се единствената шанса за мир на Украина

Oct 24, 2022

Министерот за одбрана на Романија Василе Динку поднесе оставка, велејќи дека не може да соработува со претседателот на земјата бидејќи со недели е под притисок откако рече дека преговорите со Русија се единствената шанса на Украина да стави крај на војната.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Членка на Европската унија и НАТО, Романија дели 650 километри долга граница со Украина и таму е инсталиран американски одбранбен систем, а од оваа година на нејзина територија трајно е распоредена борбена група на Алијансата.

Околу 2,65 милиони Украинци избегаа во Европа преку Романија за осум месеци од почетокот на војната.

„Мојот гест (оставка) доаѓа затоа што е невозможно да се соработува со романскиот претседател, врховниот командант на војската“, рече Динку во соопштение.

„Верувам дека моето повлекување од должноста е неопходно за да не им наштетам на одлуките и програмите кои бараат флуидни командни синџири и за да не блокирам низа проекти кои им се многу потребни на… министерството и војската“.

На почетокот на октомври Динку рече дека на Украина ѝ се потребни меѓународни сојузници за преговори за безбедносните гаранции и мирот со Русија, што предизвика критики од претседателот Клаус Јоханис и од шефот на владејачката коалиција. Тој подоцна рече дека неговите коментари биле извадени од контекст.

Јоханис рече дека Украинците во војната платиле со крв и дека само тие можат да одлучат за што и кога ќе преговараат, што е ставот на Романија и ЕУ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ