Русија ја прекина работата на големиот гасовод кон Европа

Протокот на руски гас преку гасоводот Северен тек 1 е прекинат поради планираните работи за одржување на истиот.

Протокот на руски гас за Германија преку гасоводот Северен тек на Балтичкото Море е прекинат.

Операторот на проектот Норд стрим АГ рече дека ќе биде затворен 10 дена почнувајќи од денеска поради рутинско одржување. За тоа време ќе престанат сите текови на гас низ гасоводот.

Операторот истакна дека прекинот е претходно договорен со сите партнери.

Минатиот месец рускиот енергетски гигант ги намали количините на гас испорачан во Германија преку цевката за 60% поради оперативните предизвици, предизвикани од неуспехот да се врати навреме сервисирана турбина од Канада. Сепак, германскиот министер за економија Роберт Хабек тврди дека тоа е „политичка одлука“.

Во последниве години недостигот во снабдувањето поврзан со одржувањето преку Северен тек беше компензиран со зголемени текови низ Украина или Полска.

Сепак, различни официјални лица и претставници на индустријата изјавија дека се плашат дека Русија можеби нема да го стори тоа овој пат, оставајќи го континентот да се соочи со недостиг на гас.

Норд стрим АГ, кој е во мнозинска сопственост на Газпром, инсистира дека информациите за одржување биле соодветно откриени во согласност со Регулативата на ЕУ за интегритет и транспарентност на пазарот на енергија на големо.

„Распоредот за активностите за одржување е тесно координиран со партнерите на Северен тек“, изјавија од Норд стрим АГ.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...