Русија потврди дека е извршена размена на зaробеници

Apr 10, 2022

[ad_1]

Емануел Макрон води во првиот круг од претседателските избори, според првичните проценки, надминувајќи ја за неколку процентни поени лидерката на крајната десница, Марин Ле Пен, со која ќе ги одмери силите во вториот круг на 24. април.

Според проценките на трите институти, Макрон води со меѓу 28,6 и 29,7 отсто од гласовите, по изборната кампања под големо влијание на пандемијата на Ковид-19 и војната во Украина.

На второ место е Марин Ле Пен со меѓу 23,5 и 24,7 отсто од гласовите, според институтите Opinionway, Ifop и Ipsos, пред екстремниот левичар Жан-Лук Меланшон кој освои меѓу 19,8 и 20,5 отсто од гласовите.

Десничарската републиканска кандидатка Валери Пекресе доби само пет проценти од гласовите.

Помеѓу 26,2 и 29,1 отсто од гласачите не излегле на гласање, според две проценки. Во 2017 година на гласање не излегле 22,2 отсто од гласачите, додека во 2002 година апстинирале рекордни 28,4 отсто.

Ова се проценките:

Ipsos and Sopra Steria

Емануел Макрон: 28,5 отсто
Марин Ле Пен: 23,6 отсто
Жан-Лук Меланшон: 20,3 проценти
Ерик Земур: 7 проценти
Валери Пекресе: 4,8 проценти

Ifop-Fiducial

Емануел Макрон: 28,6 отсто
Марин Ле Пен: 24,4 отсто
Жан-Лук Меланшон: 20,2 отсто
Ерик Земур: 6,8 проценти
Валери Пекресе: 4,6 проценти

Opinionway

Емануел Макрон: 29 проценти
Марин Ле Пен: 24 проценти
Жан-Лук Меланшон: 20 проценти
Ерик Земур: 7 проценти
Валери Пекресе: 4,5 проценти

За потсетување, Марин Ле Пен загуби во 2017 година во вториот круг од Макрон.

Клучниот момент од кампањата за вториот изборен круг ќе биде на 20 април, кога ќе се одржи традиционалната телевизиска дебата на двајцата кандидати.

Во меѓувреме, левичарот Жан-Лук Меланшон вечерва порача: „Не смееме да ѝ дадеме ниту еден глас на мадам Ле Пен“.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ