Русија со закана кон САД поради испраќањето на моќни ракетни системи во Украина


Москва ја цени објективната позиција на Кина за Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува РИА Новости.

– Високо ја цениме избалансираната, непристрасна позиција на кинеските пријатели за ситуацијата во и околу Украина. „Ја чувствуваме поддршката на Пекинг во одржувањето на принципиелните пристапи на Русија за изградба на безбедносна архитектура во Европа“, рече министерот за време на конференцијата „Русија и Кина: Соработка во новата ера“.

Тој додаде дека енергетската соработка меѓу Русија и Кина добила стратешки карактер.

– Русија и Кина систематски ги спроведуваат сите одобрени програми за соработка. Енергетското партнерство доби стратешки карактер. Се реализираат големи проекти во областа на индустријата, земјоделството и транспортот – рече Лавров за време на видеопораката на седмата меѓународна конференција „Русија и Кина: Соработка во новата ера“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред неколку дена изјави дека „ослободувањето на Донбас е безусловен приоритет за време на руската специјална операција во Украина“.

– Ослободувањето на регионите Доњецк и Луганск, кои Руската Федерација ги призна како независни држави, е апсолутен приоритет – изјави синоќа Лавров во интервју за францускиот ТВ канал ТФ1.

Тој додаде дека жителите на другите територии на Украина каде што се водат борбите „треба да одлучат за својата иднина“, пренесува РИА Новости.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...