Русите ја гранатирале командата на украинските воздухопловни сили

Висок дипломатски извор за „Ројтерс“ изјавил дека неодамнешните изјави од Москва за стратегијата на руските сили во Украина може да го отворат патот за смирување на ситуацијата и спасување на лицето на руските власти.

Денеска, командантот на руската армија изјави дека Русија сега ќе се фокусира на својата главна цел – ослободувањето на Донбас, имајќи предвид дека, како што рече, првата фаза од специјалната воена операција во голема мера е завршена.

Ваквите изјави се во директна спротивност со целите што ги постави рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на инвазијата. Неговите тогашни изјави сугерираа дека целта на инвазијата е промена на режимот во Киев, односно целосна окупација на Украина.

Високиот дипломатски извор ја опишува денешната изјава од Москва како потег со кој Русија сака да си го спаси образот и да ја подготви јавноста да ја смири ситуацијата.

Изворот на дописникот на „Ројтерс“, Фил Стјуарт, му рекол:

„Првичните цели на Русија беа многу поголеми од Донбас, што резултира со тоа што неподготвените руски сили беа поделени во лошо координирани напади на повеќе фронтови“.

„Очекувавме можност Русите да ги насочат своите сили само на Донбас, но сè додека реториката на Путин останува максималистичка, мора да почекаме да видиме докази за тоа на теренот“, додал тој.

ТОП ВЕСТИ

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје

Новиот систем на подводни беспилотни летала, како што објави државната агенција КЦНА, е наменет за тајни напади во водите на непријателот со цел да...

Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја запроси

Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката. Човекот, чиј идентитет не се...

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...