PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Русите имале 800 жртви од почетокот на инвазијата!

Feb 25, 2022

Во акциите на украинската армија имало 800 жртви меѓу руските војници од почетокот на воените дејствија во раните утрински часови во четвртокот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Ова го покажуваат податоците на украинското Министерство за одбрана, пренесуваат медиуми, но веста не може до крај да биде потврдена.

Покрај тоа, според украинската страна – уништени се повеќе од 30 руски тенкови, како и седум авиони и шест хеликоптери.

Во исто време, украинската армија го крена во воздух мостот на реката Тетерев, на околу 50 километри од главниот град Киев, со цел да им го отежне преминот на руските тенковски колони преку главниот град..

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ