PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Русите на смрт осудија двајца британски доброволци заробени во Мариупол

Jun 9, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На земјите кои одбија да платат за гас според новиот аранжман на Москва заснован на рубли веќе им е прекинато снабдувањето, но не се планирани нови исклучувања, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Некои земји се веќе исклучени. Не се планирани нови исклучувања. Оние земји кои добиваат гас веќе функционираат според новиот систем, опишан во соодветниот указ на претседателот. Овој систем функционира одлично“, изјави Песков, а пренесува ТАСС.

По воведувањето на западните санкции, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој од 1 април годинава воведе нова процедура за плаќање на рускиот гас.

Од тој датум, земјите кои сакаат да купат руски гас мора да се усогласат со новата шема за плаќање, која вклучува отворање две сметки, едната за плаќања во странска валута, а другата за претворање на тие средства во рубли.

Русија ќе продолжи да испорачува гас во количини и по цени утврдени со претходни договори, соопшти ТАСС.

Поради одбивањето да го платaт гасот во рубли, „Гаспром“ досега ги откажа испораките за Бугарија, Полска и Финска, како и данскиот „Орстед“ и „Шел Енерџи“ за снабдување со гас за Германија и данската компанија „Гастера“, наведува „Ројтерс“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ