Русите објавија снимка со суперсоничен проектил – колку е моќно е ова оружје?


Фото: Принтскрин

Руската армија денеска објави дека за првпат употребила суперсонични ракети во Украина, среде глобалната трка за набавка на вакво оружје, кое рускиот претседател Владимир Путин го нарекува непобедливо. Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека на 18 март авионскиот систем „Кинжал“ со своите суперсонични балистички проектили уништил голем подземен склад со ракети и муниција на украинските воздухопловни сили кај местото Дељатин, во областа на Ивано-Франковск, во западна Украина.

Руското Министерство за одбрана на Твитер објави видео, на кое прикажано, како што се вели, уништувањето на украинскиот подземен бункер.

 

Русија никогаш досега, во два претходни конфликти во кои војуваше – во Украина и Сирија, не пријавила употреба на оваа балистичка ракета. Од првото успешно тестирање во 2018 година, беше користена неколку пати како дел од воените вежби.

Официјална Москва тврди дека овој тип проектили е предизвик за системите за противвоздушна одбрана, пишува Н1, бидејќи нивната брзина е до 12.000 километри на час, па затоа е отежнато пресретнувањето, иако некои западни воени експерти изјавија дека Русија претерува за можностите на ова воздушно оружје.

Круната на руската армија е суперсоничната интерконтинентална ракета „Авангард“. Лета до 33.000 километри на час и непредвидливо го менува курсот или висината, што го прави речиси невозможно нејзиното пресретнување, пишува Н1.

Русија е првата земја во светот која разви суперсонично оружје. Рускиот претседател Путин често се фалеше со тоа, нагласувајќи дека тоа е доказ за воената супериорност на Русија.

 

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...