Руските воени сили убиле докторка – педијатар која се обидела да стигне до телото на нејзиниот 14-годишен внук кој починал по гранатирањето, објави украинското Министерство за надворешни работи на Твитер.
Од повреди од шрапнел животот го загуби Арсен (14). Поради постојаното ракетирање, итната помош не можела да пристапи до областа и да го извлече неговото тело од урнатините.
Неговата тетка Марина Калабина се враќала во Киев кога Русите и го нападнале автомобилот и таа починала на лице место.
Членовите на семејството сега не можат да стигнат ниту до телото на Арсен ниту до телото на неговата тетка бидејќи областа е под руска контрола.