Русите влегоа во Кремина, Украинците тврдат дека Мариупол сè уште се брани


Фото: Министерство за одбрана на Украина

Руската армија денеска навлегла во источниот град Кремина, додека руските трупи што се наоѓаат во блискиот град Рубижне се под интензивен украински оган, пренесува БЕТА.

Како што јавуваат француските медиуми, украинското Министерство за одбрана објави дека е исклучително тешка ситуацијата во пристанишниот град Мариупол на Азовското Море што е под опсада на руските сили, но дека градот се уште се брани.

– Имаше голем напад во текот на ноќта – објави гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај, на својот фејсбук-профил, додавајќи дека руската армија влегла во Кремина со бројно надмоќно тешко вооружување, додека украинските војници се прегрупирале на нови позиции.

Кремина е град со околу 18 илјади жители сместен на половина пат меѓу Луганск и Краматорск, главниот град на Украина Донбас, и една од главните руски цели во регионот. Градот е во близина на Рубижне кој во понеделникот беше под силен украински оган.

На 13 април лидерот на проруските сепаратисти соопшти дека Украинците сè уште држат „дел“ од градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ја обвини Русија дека се обидува да го „уништи“ целиот источен Донбас и оти Москва подготвува офанзива во источна Украина.

Во исто време украинското Министерство за одбрана ги повика Русите да обезбедат хуманитарни коридори од Мариупол и од тамошната фабрика „Азовстал“.

Москва претходно објави дека по двемесечни интензивни борби ја презела контролата врз јужниот пристанишен град.

Откако не успеа да го скрши украинскиот отпор на север, руската војска ја пренасочи копнената офанзива кон Донбас, притоа изведувајќи напади со оружје со голем дострел врз други цели, но и врз главниот град Киев.

Москва во саботата соопшти дека има контрола врз урбаните делови на градот, како и оти некои украински борци останале во железарата „Азовстал“.

Заземањето на Мариупол е од стратешко значење за Русија бидејќи ја поврзува територијата што ја држат под контрола проруските сепаратисти на исток со регионот на Крим што беа анектиран кон Русија во 2014 година.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...