Руски владин авион ќе ги врати руските дипломати од САД во Русија

Рускиот владин авион кој се движи од Санкт Петербург кон Вашингтон, ќе ги врати руските дипломати назад во нивната земја – изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.

– Овој авион ќе ги врати во нивната татковина, руските дипломати, кои американската влада ги прогласи за персона нон грата – додаде Захарова, без да прецизира кога точно тоа ќе се случи.

Владата на САД одобри чартер лет на руската влада за да го олесни заминувањето на рускиот персонал од Мисијата на Обединетите нации кои беа протерани поради злоупотреба на нивните привилегии на престој – пренесува Си-Ен-Ен.

– Овој посебен исклучок беше направен во согласност со федералните регулативи за да се обезбеди дека персоналот на руската мисија и нивните семејства ќе заминат до датумот што го наложивме – рече портпаролот на Стејт департментот.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...