Руски војници подигнале облак радиоактивна прашина во Чернобил


Украинците кои работат на одржувањето на нуклеарната централа во Чернобил, велат дека руските војници, кои ја зазедоа нуклеарката, подигнале облаци од радиоактивна прашина кога возеле низ најзагадената област.

Војниците не носеле никаква заштитна опрема и најверојатно вдишувале радиоактивна прашина. Тоа е еднакво на самоубиство, изјавиле некои од работниците за светските агенции.

– Голема колона од воени возила помина по патот веднаш зад нашиот објект, кој минува покрај Црвената шума-изјави работник кој сакал да остане анонимен.

Црвената шума го доби своето име по експлозија во 1986 година, кога дрвјата добиле црвена боја.

– Конвојот подигна голем облак од прашина. Сензорите што ја мерат радијацијата покажаа високи нивоа на радијација-додаде тој.

По заземањето на електраната на 24 февруари, Русија соопшти дека радијацијата е во нормални нивоа и не претставува закана за здравјето на луѓето, како и дека руските сили со заземањето на електраната спречиле „нуклеарни провокации на украинските националисти“.

Еден од вработените изјавил дека руските војници со кои разговарал не знаеле за историјата на централата.

– Кога ги прашаа дали знаат за катастрофата во 1986 година, експлозијата на четвртиот блок, немаа поим. Немаа поим во каков објект се наоѓаат-рече тој.

Руските сили го напуштија градот Славутич во близина на Чернобил, градот во кој живеат повеќето вработени во централата, изјави денеска градоначалникот и привремен шеф на централата во Чернобил.

ТОП ВЕСТИ

Роналдо по новиот рекорд: Одлично е што уште играм и постигнувам голови

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIКристијано Роналдо постави два рекорди за време на дуелот...

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...