[ad_1]
Амбасадорот на Руската Федерација во Париз, Алексеј Мешков, денеска бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи по објавувањето на карикатури на твитер налогот на амбасадата, за кои француската дипломатија вели дека се неприфатливи.
„Овие објави се неприфатливи. Ова денеска јасно му го кажавме на рускиот амбасадор Алексеј Мешков“, соопшти француското Министерство за надворешни работи во време на криза меѓу Русија и Западот поради руската инвазија на Украина.
На една од карикатурите се претставени Европејците како на колена го лижат задникот на чичко Сем со текст: „Таква е европската солидарност“.
Je rappelais dans un précédent message à quel point le Kremlin se sent dans une guerre morale contre l’occident. Ce craquage complet de l’ambassade de Russie en France en est l’exemple frappant. pic.twitter.com/jrpAbv5kKs
— Julien Pain (@JulienPain) March 24, 2022
На втората карикатура, Европа е прикажана како пациент на болнички кревет над кој нејзините мачители, САД и Европската унија, внесуваат супстанци како што се „неонацизам“, „русофобија“ и „Ковид-19“.
„Се обидуваме да одржиме соодветен дијалог со Русија, но таквите дејства се целосно несоодветни“, соопшти француското МНР.
Руската амбасада потврди за „Франс прес“ дека содржината објавена на „Твитер“ била предмет на дискусија меѓу другите теми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.