PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Рускиот патријарх се надева на мир, но не ја осудува војната

Apr 23, 2022

[ad_1]

Фото: патријарх Кирил (инстаграм)
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил изјави дека се надева оти конфликтот во Украина наскоро ќе заврши. Но, зборувајќи во пресрет на православниот Велигден, тој не ја осуди војната – пренесe Би-Би-Си.

– Господ нека го помири нашиот народ во Украина, во Донбас, каде што сѐ уште се пролева крв – рече тој на богослужбата на отворено во Москва.

Со изјавата всушно го повтори тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Русите и Украинците се во суштина иста нација – наведува Би-Би-Си.

– Господе, дај го овој велигденски подарок, да им помогне на оние кои се вклучени во овој тежок конфликт, да ги смират своите срца, умови, души, за што побрзо да завршат меѓусебните судири и да завладее долгоочекуваниот мир – рече патријархот.

Како близок сојузник на Путин, тој претходно даде изјави за поддршка на офанзивата на Москва во Украина и налути некои во Руската православна црква дома и во странство.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ