Руските служби го лажат Путин и од него кријат многу работи, вели германскиот канцелар

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека не може да ја потврди или негира наводната вмешаност на Украина во нападот на складиштето за гориво во рускиот град Белгород бидејќи не знаел за сите воени информации, пренесува „Ројтерс“.

„Не можам ниту да го потврдам ниту да го отфрлам тврдењето дека Украина учествувала во ова, само затоа што ги немам сите воени информации“, посочи тој.

Според руската новинска агенција РИА, во нападот биле запалени осум резервоари со гориво. Според последните информации, нема повредени.

Очевидец, цитиран од „Ројтерс“, посочил дека во Белгород напладне по средноевропско време се слушнале нови експлозии.

Тој напад, прв од ваков вид, ако се потврди дека навистина го извршила украинската воена авијација, се случува во време кога Русија повторува дека целосно владее со воздушниот простор над Украина.

Кремљ исто така се огласи за нападот велејќи дека го извршиле украински хеликоптери на складиште за гориво на руска територија, а тоа ќе го отежне преговарањето за прекин на огнот.

„Што се однесува до инцидентот во Белгород, мислење за тоа ќе дадат нашите вооружени сили“, изјави портпаролот на Кремљ, Песков, додавајќи дека за нападот бил информиран и рускиот претседател Владимир Путин.

Белгород се наоѓа на 80-ина километри северно од Харков, вториот по големина град во Украина, кој се спротивставува на руските напади од почетокот на инвазијата на 24 февруари.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...