САД ја тргнаа ЕУ настрана во обидот за гаснење на босанскиот фитил


Фото: Принтскрин

Американските претставници ја посетија во обидот за гаснење на запаливата ситуација во државата, наспроти фрустрацијата на регионот со напорите на ЕУ, пишува „Политико“. Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, беше во дводневна посета на БиХ, во рамките на која се сретна со членовите на босанското претседателство.

– Сакаме да се осигуриме дека Босна ќе остане независна, суверена и со територијална целост – нагласи американскиот дипломат.

За САД посетата претставува сигнал дека тие ја засилуваат водечката улога во регионот. САД претходно го санкционираа лидерот на босанските Срби Милорад Додик поради опструкција на Дејтонскиот мировен договор, а во повеќе наврати не се колебаа за да го критикуваат.

Потегот на САД доаѓа кога ЕУ се соочува со критики за повоздржаниот пристап. Европскиот блок не успеа да го санкционира Додик и не се соочи со српскиот лидер со истиот остар речник како што тоа го сторија американските претставници, кога Ескобар го обвини Додик „дека се обидува да ги заштити неговата моќ и богатство“.

– Изјавите на Ескобар за Додик се најострите и најдиректни што досега сме ги слушнале од кој било претставник на Западот – истакна политичката аналитичарка од Бања Лука, Тања Топиќ во изјава за „Политико“.

Згора, се смета дека Ескобар го истакнува членството во ЕУ како клучна точка во неговата балканска стратегија, со што многумина во регионот го сметаат за подобар гласник за ЕУ отколку самиот европски блок, заклучува политичкиот магазин.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...