САД го предводат светското трошење за вооружување од 2,11 трилиони долари


Фото: Принт-скрин

Според извештајот на СИПРИ за 2021 година

Во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) се наведува дека во 2021 година глобалните трошоци за оружје достигнаа рекордни 2,11 трилиони долари. Земјите ширум светот ги зголемија трошоците за вооружување за 0,7 проценти.

Трошоците се зголемуваат седум години по ред, а аналитичарите на СИПРИ предвидуваат дека оваа година повторно ќе биде рекордна.  Побарувачката во одбранбената индустрија значително порасна поради конфликтот во Украина.

Најмногу пари за оружје потрошиле САД. Во 2021 година Вашингтон издвоил 801 милијарда долари, но трошоците се за 1,4 отсто помали од претходната година. Кина и понатаму е на второ место со 293 милијарди долари. Тоа е за 4,7 отсто повеќе отколку во 2020 година, а потрошувачката на оружје во Кина расте 27. година по ред. Потоа следат Индија (76,6 милијарди долари), Велика Британија (68,4 милијарди долари) и Русија (65,9 милијарди долари). Русија трета година по ред ги зголемува трошоците за оружје.

Додека јапонската Влада за одбраната одвои седум милијарди долари, што е највисока сума од 1972 година. Австралија во 2021 година за четири отсто ги зголеми расходите за вооружување, што достигнаа 31,8 милијарди долари.

Растечката закана на Кина во и околу Јужно Кинеско и Источно Кинеско Море се главен двигател на воените трошоци во земји како Австралија и Јапонија. Пример за ова е трипартитниот безбедносен договор АУКУС меѓу Австралија, Велика Британија и САД, кој предвидува испорака на осум нуклеарни подморници во Австралија во вредност од приближно 128 милијарди долари, истакна д-р Нан Тијан.

Во извештајот на СИПРИ се наведува дека Иран, по четири години, првпат во 2021 година го зголеми буџетот и за одбраната одвои 24,6 милијарди долари.

Од европските земји на НАТО, само осум го одржаа ветувањето дека ќе потрошат најмалку два отсто од БДП за одбрана минатата година. Ова е еден помалку од 2020 година, но повеќе од два во 2014 година.

– Трошоците во Европа веќе растат и овој тренд ќе се интензивира. Промената е обично бавна додека не се појави криза, по што се забрзува. Мислам дека сме токму во таков момент, истакна директорка на програмата за вооружување на СИПРИ, Луси Беро-Судро.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...