PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

САД испратија ловци „Ф-35“ за заштита на бугарскиот воздушен простор

Jun 2, 2022

[ad_1]

Фото: Министерство за одбрана на Холандија
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО.

Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше да заврши мисијата на четирите холандски „Ф-35“ во Бугарија. Сепак, во соопштението се нагласува дека американските ловци се приклучиле на холандската мисија во Бугарија.

Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, кажа дека има многу процедури кои овозможуваат прекугранично користење на „Ер Полисинг“, така што ќе има многу опции и Бугарија ќе продолжи да биде поддржувана.

-Таа нема да биде оставена – рече министерот за одбрана.

Во соопштението на командата со седиште во Рамштајн, во Германија, се наведува дека распоредувањето на американските „Ф-35“ во Бугарија значи извршување на мисија со долг дострел во Бугарија, како поддршка на будните активности на НАТО на источното крило.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ