PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

САД наредија персоналот од конзулатот да го напушти Шангај

Apr 12, 2022

Властите во Шангај изјавија дека постепено ќе укинуваат некои ограничувања во населбите на Шангај каде што не се пријавени нови случаи на инфекција во изминатите две недели, кои се на сила три недели. Жителите ќе можат да се движат во таа населба, но не и да се среќаваат во групи.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

САД му наредија на конзуларниот персонал кој не е неопходен да го напушти Шангај, град со 26 милиони жители кој е под строги мерки поради наглиот пораст на случаите со ковид-19.

Во соопштението на Стејт департментот објавено доцна синоќа се вели дека е најдобро за вработените и нивните семејства да се намали нивниот број, како и операциите на Стејт департментот бидејќи се соочуваат со променливи околности на теренот.

Стејт департментот, исто така, издаде серија препораки за Американците во Шангај во кои се наведува дека треба да се погрижат да имаат доволно пари, лекови, храна и други неопходни работи во случај на воведување на нагли ограничувања или карантин.

Голем број од 26-те милиони жители на градот се затворени во своите домови веќе три недели како дел од мерките за спречување на ширењето на ковид.

Многумина ја опишуваат ситуацијата како сè потешка, при што семејствата не можат да го напуштат домот или да купат намирници и да го подмират секојдневните потреби, додека оние кои се позитивни на вирусот се принудени да одат во масовни центри за карантин каде што условите понекогаш се опишуваат како нехигиенски.

И покрај поплаките, Кина ја задржа својата стратегија „нулта толеранција на ковид“ со строга изолација и масовно тестирање.

Властите во Шангај изјавија дека постепено ќе укинуваат некои ограничувања во населбите на Шангај каде што не се пријавени нови случаи на инфекција во изминатите две недели. Жителите ќе можат да се движат во таа населба, но не и да се среќаваат во групи.

Релативно малку ограничувања се воведени во главниот град Пекинг, иако областа Ерџиефанг, позната по своите уметнички дела, е отсечена и означена како дел од висок ризик, бидејќи во последните две недели се пријавени осум случаи на заразени.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ