САД не гледаат закана дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје и покрај реториката, тврди официјален претставник од одбраната


САД не веруваат дека постои закана Русија да употреби нуклеарно оружје, и покрај неодамнешното заострување на реториката на Москва – изјави денеска неименуван висок претставник на американската одбрана.

– Продолжуваме да ги следиме нивните нуклеарни капацитети секој ден и нашите проценки се дека нема закана од употреба на нуклеарно оружје или закана за територијата на НАТО – додаде функционерот во изјава за американски медиуми.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во понеделникот дека Западот не треба да го потценува зголемениот ризик од нуклеарен конфликт во Украина.

Русија претходно овој месец соопшти дека планира да ги распореди своите новопробани интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади врз САД до есен.

Западната загриженост за ризикот од нуклеарна војна се зголеми откако претседателот Владимир Путин ја почна руската инвазија на Украина на 24 февруари со говор во кој остро се осврна на нуклеарните сили на Москва и предупреди дека секој обид да се запре на патот на Русија „ќе ве доведе до такво последици кои никогаш не сте ги сретнале во вашата историја“ –  јавија западни медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...