САД се надеваат дека Србија ќе ѝ воведе санкции на Русија, Турција не сака ни да чуе


фото: Пикслес

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека се надева дека Србија ќе им се придружи на другите земји од Западен Балкан и ќе воведе санкции кон Русија по формирањето на новата влада во Белград.

– Речиси сите земји од Западен Балкан се согласија на некој начин да ја натераат Русија да ја плати цената за таа (инвазија) преку санкции, преку поддршка за Украина и нејзиниот народ. Се надевам дека Србија ќе се приклучи на таа група и дека ќе се усогласи со санкциите кога ќе ја формира Владата – рече Ескобар во онлајн обраќањето на Самитот за демократија на Југоисточна Европа во Будва.

Тој на собирот на кој присуствуваа претставници од САД, ЕУ, Велика Британија и од Западен Балкан рече дека Србија е единствената земја во регионот која не воведе санкции кон Русија.

Американскиот пратеник го поздрави фактот што и ЕУ и НАТО ја потврдија „политиката на отворени врати“.

– Мислам дека е важно ЕУ да ја потврди својата политика на отворени врати. И таа политика не се однесува само на Украина и другите земји во ризик, туку нè потсетува и дека уште шест земји се во ред пред Украина – посочи Ескобар.

Тој посочи дека земјите од Западен Балкан постигнале „огромен напредок“ и „импресивни реформи“ и изрази надеж дека Европа ќе го спроведе она што го кажува денес кога станува збор за европската интеграција на Западен Балкан.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чуавушоглу изјави дека Турција нема да се приклучи на санкциите против Русија.

Тој исто така изјави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски побарал да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

– Санкциите против Русија ја погодија и Турција. Тие ја разбираат нашата позиција и тоа мора да се разбере со оглед на нашата посредничка улога. Нашата позиција е јасна, нема да се приклучиме кон санкциите и нема да дозволиме тоа да се прави преку нас – рече Чавушоглу во соопштение за турската агенција Анадолија.

Чавушоглу додава дека Зеленски за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

– Буквално вчера за време на разговорите Зеленски рече дека сака да се сретне со Путин. Турција продолжува да прави напори – рече Чавушоглу.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...