PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

САД: Северна Кореја тајно ја снабдува Русија со гранати

Nov 2, 2022

САД имаат информации кои укажуваат дека Северна Кореја тајно ѝ доставува на Русија „значителен“ број артилериски гранати што се користат во Украина, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„ Нашите показатели укажуваат дека Северна Кореја тајно ја снабдува Русија со гранати и ќе следиме дали пратките се примени“ – рече Кирби на виртуелниот брифинг и додаде дека Северна Кореја се обидува да ги прикрие пратките испраќајќи ги низ земјите на Блискиот Исток и Северна Африка, и дека Вашингтон ќе се консултира со Обединетите нации за одговорноста за пратките, пренесува „Ројтерс“.

„ Бројот на гранати не е незначителен, но не веруваме дека ги има толку многу за да го сменат текот на војната“ – додаде Кирби и рече дека САД нема да престанат да ѝ даваат помош на Украина.

Северна Кореја во септември соопшти дека никогаш не испорачувала оружје на Русија или планира и ги предупреди САД да не шират шпекулации кои го нарушуваат угледот на земјата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ