PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

САЕМ И ЛИДЕРСКИ САМИТ НА ОТВОРЕН БАЛКАН ВО БЕЛГРАД

Aug 31, 2022

Три документи – за соработка во областа на храната, кинематографијата и цивилната заштита, ќе бидат потпишани на претстојниот лидерски самит во Белград кој, како политички дел, ќе се одржи во рамки саемот „Винската Визија на Отворен Балкан“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На самитот ќе учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски, за сите три документи на вчерашната владина седница беа усвоени извештаи за завршени преговори и утврдени беа текстови кои ќе бидат финиширани за време на посетата на македонската делегација во Белград.

– Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија од утре до 4 септември во Белград ќе се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винската Визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата Отворен Балкан. Предвиден е и политички дел, преку одржување самит на лидерите од трите држави на Отворен Балкан, како и панел дискусии. Ќе биде потпишан договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан, од областа на култура ќе биде потпишан меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудовизуелните дејности, како и оператиен план во областа на цивилната заштита, рече Арсовски.

Македонија на Саемот ќе биде претставена со 42 винарии, три дестилерии и десетина производители на храна со понуда за дегустација на нашата домашна автентична кујна. Ќе се организира и Македонска вечер, чиј домаќин ќе биде премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе се презентира македонската економија преку вината, храната, музиката и туризмот.

-Учеството на овој саем за нашата економија значи обезбеудвање поголем извоз, откуп и нови пазари за македоските храна и вина, промоција на туристичките капацитети и привлекување нови гости од регионот и пошироко, истакна Арсовски на прес-конференција.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ