Samsung S 22 Ultra и уметникот Fat Cap Sprays во видеото „Слики што траат засекогаш“


Конечно имаме шанса д аго погледнеме последното видео на Samsung со Fat Cap Sprays Lifestyle од кампањата наречена „Слики што траат засекогаш“. Во своите четири кратки епизоди, кампањата „Ноќта во ново светло“ ја прикажа дигиталната трансформација на уличната уметност преку моќната технологија Galaxy S22 Ultra и неонските ремек-дела на познатиот уметник Fat Cap Sprays. Оваа кампања отвори нова ера на улична уметност, ноќни фотографии, но и содржини на социјалните мрежи.

Четвртата епизода нѐ носи на патување низ светот на дигиталната фотографија и видео запис во ноќно опкружување. И покрај фактот што неонските графити на Fat Cap Sprays можат долго време да го задржат својот целосен сјај и боја, тие сепак се само минливи уметнички дела. Токму затоа овој уметник ги овековечува своите импресивни и креативни графити благодарение на паметниот телефон Galaxy S22 Ultra и напредната опција Nigthography која овозможува неговите улични ремек-дела да бидат прикажани во најдобро издание без оглед на условите на осветлување.

Благодарение на паметниот телефон Galaxy S22 Ultra, неговата форма на уметност може лесно да се пренесе во NFT формат, каде што ќе продолжи да живее во виртуелниот свет. На овој начин овој голем креативец има можност да ги инспирира своите бројни фанови, да се поврзе со нив, како и да создаде заедница која ја споделува истата љубов кон уметноста. Со комбинирање на NFT и неговиот заштитен дизајн на лисици, Fat Cap Sprays создаде уникатни анимации кои совршено ја прикажуваат неговата уметност.

Последната епизода, како и сите претходни, погледнете ги на линкот https://www.samsung.com/mk/explore/photography/night-in-new-light/

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...