PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Самсунг воведува опција за заштита на податоци кога телефонот се поправа

Oct 31, 2022

Самсунг опција за заштита на податоците при поправка на телефонот. По успешната пилот-програма во Кореја, компанијата започна со воведување „Режим за одржување“ за уредите Галакси ширум светот, за да им помогне на корисниците да ги заштитат чувствителните податоци кога ги носат своите паметни телефони на поправка.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

 

 

Овој нов систем треба да ја ублажи загриженоста на корисниците во такви ситуации што никој не може да пристапи до нивните податоци или да ги копира, дури и со физички пристап до уредот, објави порталот Каматица.рс.

 

 

„Целиот наш живот е на нашите телефони, од информации за кредитни картички до семејни фотографии“, рече потпретседателот на Самсунг и главен службеник за безбедност Сеунгвон Шин при објавувањето на новата функција.

Приоритет ќе имаат моделите од сериите Самсунг Галакси S21 и S22, па тие први ќе ја добијат оваа функција. Воведувањето на новата функција ќе продолжи во текот на 2023 година, на повеќе модели на Галакси, но Самсунг сè уште не ја објавил листата на модели кои ќе ја добијат оваа функција.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ