Санчез Викарио незадоволна од тоа како е претставена во филмот за сестрите Вилијамс


Поранешната светска тенисерка број 1, Аранча Санчез Викарио смета дека не била претставена во најдобро светло во филмот „Кралот Ричард“, биографскиот филм за животот на сестрите Серена и Венус Вилијамс, иако и се допаѓа „епската“ приказна.

Филмот за кој Вил Смит доби Оскар, всушност повеќе е приказна за Ричард Вилијамс, таткото на тенисерките,  а во една сцена во филмот се претставува мечот на 14-годишната Венус против Санчез Викарио во Сан Хозе. Венус го контролираше мечот и имаше предност од сет и 3:1 водство во вториот, пред Шпанката наводно да побара паузаз за тоалет и потоа да направи пресврт во мечот.

Зборувајќи за шпанското радио „Ел ларгуеро“, Санчез Викарио смета дека тоа е „целосна невистина“.

„Тој момент во кој ме претставија како многу лоша личност, и наводно губам со 2:6/1:3 е сосема неточен. Колку што се сеќавам, јас водев. Невозможно е да заминам од теренот на 1:3, бидејќи во тенисот се прават паузи на непарни гемови. Паузата за тоалет е ограничена и ако ја прекршев ќе добиев казна. Но, така добиваат на значење во филмот, сакаат да бидат релевантни. Јас имав фантастична кариера, никој не ми го подари успехот, така што не сфаќам зошто мораше да биде така. Но, ќе го препорачам филмот бидејќи зборува за жртвувањето на секој спортист“, вели Санчез Викарио.

Таа одигра 16 меча во сингл против сестрите – 9 против Венус и 7 против Серена. Со Венус имаше негативен 3-6 скор, победувајќи во првите два меча, додека против Серена заврши со 4-3 скор.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...