PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

СДСМ : Арсовска само потврди, ВМРО ДПМНЕ е криминална партија

Sep 25, 2022

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во своите јавни настапи посочи дека Христијан Мицкоски имал детали кои не би смеел да ги има од сомнителниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Со таквите тврдења, Арсовска имплицира на директна вмешаност на Мицкоски во спорниот тендер.

Затоа е важно, надлежните институции да го расчистат овој случај, да ги истражат сите аспекти и одговорните да се соочат со соодветни санкции.

Самата Арсовска, кандидатка и градоначалничка на Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не е мрдната ниту милиметар од режимската и криминална матрица.

Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник Никола Груевски, нему му се важни само личните и бизнис интерсите на одредена група луѓе.

Тоа граѓаните го гледаат, затоа Мицкоски и ВМРО-ДМНЕ изгубија на последните предвремени избори, затоа секогаш ќе губат од граѓаните, соопштија од СДСМ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ