СДСМ ги омаловажи тутунарите, велат од ВМРО-ДПМНЕ


ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ и прашува „со кое право ги споменуваат тутунарите“.

-Истите оние кои ги омаловажувавте и дозволивте неколку години со ред да им се откупува тутунот по мизерни цени! А фалбата: дека вашата грижа за нив ги исплатила субвенциите е крајно неморална и потценувачка кон тутунарите бидејќи со вашето недомаќинско работење и покрај изгласувањето на измените во законот кој немаше никаква врска со субвенциите, вас ви беа потребни скоро цел месец да почнете со исплата на истите со што докажавте пред сите дека немате пари во буџетот а  тоа што две недели ги малтретиравте тутунарите да одат секој ден пред банки и да се молат дека тој ден можеби ќе има пари за нив точно ја покажува вашата грижа за земјоделците, стои во партиското соопштение од најголемата опозициска партија.

СДСМ денеска соопшти дека Владата предводена од нив во време на светска економска и енергетска криза, постојано води грижа за земјоделците и инвестира во домашното земјоделско производство.

-Заврши целосната исплата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари или над 20 милиони евра на сметките на 17.000 тутунопроизводители, истакна Гоце Георгиевски од СДСМ.



Source link

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...