PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ целосно потфрлија, нема проекти само нови долгови

Apr 1, 2023

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ целосно потфрлија, нивното практикување на локалната власт во опшитините се сведува на неоговорност, неспособност, непотизам.Граѓаните наместо проекти, добиваат само нови долгови и поскапи комунални услуги.Поскапи комунални услуги, вода и паркинг плаќаат граѓаните на општина Прилеп, комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Во општина Штип зголемен е данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.Истовремено со општински обврзници за милиони суми, ги задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни. Прилеп и Гевгелија се последните во низата општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои долгорочно ги задолжуваат граѓаните. Во време на голема економска криза кога владата предводена од СДСМ намалува цени со цел олеснување на животот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од шпицниот градоначланик Христијан Мицкоски удираат по џебот на граѓаните. Центар за комуникации на СДСМ

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ