СДСМ: Идејата за референдум е само за внатрешна употреба во ВМРО- ДПМНЕ

еферендумот што Христијан Мицкоски го бара е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ и спас на неговата фотелја во Белиот дворец, соопшти СДСМ.

„Имаа шанса пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да учествуваат во усвојувањето на заклучоците по европскиот предлог за почеток на преговорите, но тие три дена ширеа лажни вести, викаа, свиреа, се закануваа и на крајот избегаа од собраниската сала и не собраа сили ниту да гласаат против.

Идејата на Мицкоски за референдум нема поддршка ниту кај коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ ниту кај другите опозициски партии. Таквото барање за референдум за кое Мицкоски не ја знае ниту формата ниту прашањето е единствено со цел да го манипулира членството на партијата по пропаѓањето на сите обиди да ја закочи и дестабилизира државата“, велат од владејачката партија.

Според СДСМ, Мицкоски е осамен и изолиран, а негов единствен партнер е проруската Левица, предводена од Димитар Апасиев.

Со своето дејствување Мицкоски останува на спротивната страна на државните интереси, на погрешната страна на историјата, додаваат од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...