Нашата држава доби позитивен Годишен извештај од Европската Комисија за 2022 година.
Извештајот го препознава напредокот и одржливоста на реформскиот процес и го поздравува почетокот на преговорите со ЕУ со одржувањето на првата Меѓувладина конференција.
Споредено со другите држави од Западен Балкан, Република Северна Македонија сè уште стои најдобро во регионот во Кластерот Фундаментални вредности, а оценката за вкупната подготвеност гласи „добро ниво на подготвеност“.
Позитивниот извештај на ЕК е признание за напорите на Владата и парламентарното мнозинството предводени од СДСМ за реализација на реформите важни за евроинтегративниот процес.
И додека сите честитаат на позитивниот извештај, единствено ВМРО-ДПМНЕ како докажана антиевропска партија шири лаги и ја извртува содржина на Извештајот.
Критиката на ВМРО-ДПМНЕ е целосно спротивна на оценката на ЕК дека државата има издржан реформски напредок кон ЕУ.
Вистината е дека во Извештајот најмногу критика има за опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивните блокади во Собранието каде имаме јасна критика за доцнење при носењето на законите, за што причина се блокадите од страна на опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да дава оценка за Извештајот, затоа што нашата држава најлошите извештаи од Европската комисија ги имаше токму за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Па така, во Извештајот од 2016 година, последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ стои дека имаме заробени институции, судски органи, регулаторни тела и медиуми, каде меѓуетничките односи се оценувале како кршливи, биле нотирани притисоци врз јавната администрација…
Огромна е разликата помеѓу државничкото, проевропско работење на СДСМ и неодговорното, антидржавно постапување на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер Левица. Ние проодлжуваме со реформите се до полноправнио членство во Унијата.
Благодарение на одговорниот државнички пристап на СДСМ, Република Северна Македонија по 17 години чекање, конечно заслужено ги започна преговорите за членство во ЕУ.
По остварување на првата стратешка цел – членство во НАТО, ќе ја реализираме и втората стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.