СДСМ: Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата

Apr 5, 2023

Владата предводена од СДСМ со започнување на силна градежна офанзива на Коридот 8 носи нов економски и развоен импулс за државата, придобивки за граѓаните и стопанството.

Изградбата на Коридорот 8 значи помали трошоци за превоз, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на државата.

Изградбата на модерни, современи автопати на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан, обезбедува подобро и побезбедно поврзувaње за граѓаните, подобри услови за стопанството, значителен поттик за трговијата и раст на инвестициите.

Коридорот 8 е дел од најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор, за изградба на четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри, во вредност од 1,3 милијарди евра.

СДСМ ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата, во проекти кои обезбедуваат економски раст на државата и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ