СДСМ: Партнерот на Мицкоски, Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина

Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина.

Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица, гласаа против Декларацијата за Украина во Собранието.

Димитар Апасиев, партнерот на Мицкоски ги користи зборовите на Путин. Вчера и пратеникот Крмов Украинците ги нарече неонацисти.

Недозволиво е да се поддржува воена агресија врз суверена држава, тоа е кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина.

Со оглед на тоа дека Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и на локално ниво во повеќе општини, Мицкоски треба да одговори кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресија на Русија врз Украина од страна на Левица?

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...