СДСМ: Референдумот што го бара Мицкоски е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

Референдумот што Христијан Мицкоски го бара е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ и спас на неговата фотелја во Белиот дворец, соопштија утрово од СДСМ.

Од партијата појаснуваат дека идејата на Мицкоски за референдум нема поддршка ниту кај коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај останатите опозициски партии.

-Таквото барање за референдум за кое Мицкоски не ја знае ниту формата ниту прашањето е единствено со цел да го манипулира членството на партијата откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и дестабилизира државата. Мицкоски е осамен и изолиран, негов единствен партнер е проруската Левица предводена од Димитар Апасиев, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе спроведува консултации со уставни и експерти по меѓународно право како да го формулира референдумското прашање.

-Морам да признам дека после подолго време за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски, во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред Извршниот комитет, но и пред граѓаните. Но и очекувам Пендаровски потоа да ги повика и останатите политички партии во Македонија, доколку таа биде суштината на прашањето и да излезат на референдум, изјави вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...