PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

СДСМ: Сите пратеници да дадат поддршка на уставни измени, за да се забрза процесот на интеграција во ЕУ

Jul 25, 2023

Денеска во македонското Собрание започнува процедурата за предлог измените на Уставот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во предложените уставни измени јасно се гледа дека тие дополнително го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет, се унапредуваат основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ.Секој кој и мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ.

Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание.Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат државата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години.

Да не дозволиме самите од внатре да се блокираме на патот кон и ЕУ, туку низ отворена, аргументирана дебата, измените на Уставот да бидат усвоени.Глас за Европа е глас за подобра, посигурна и постабилна македонска иднина.

Интегрално соопштение на СДСМ

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ