СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите и да не бега од дебата во Собранието.

Антиевропската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, треба да понесе одговорност за неуспешното мрачно, крваво сценарио за создавање тензии, конфликти и загрозување на стабилноста, соопшти СДСМ.

„Одговорност треба да понесе Мицкоски, кој го режираше сценариото што требаше да предизвика етнички конфликт и државата да ја одведе во хаос и неизвесност.

Залудно Мицкоски се претставува како жртва, неговото деструктивно однесување за блокирање на интеграцијата на државата во Европската Унија поминува само кај неговиот коалициски партнер, Левица.

ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите и деструкциите и да не бега од дебата во Собранието.

Парламентот е вистинското место за одлука околу заклучоците за последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ.

Сите парламентарни партии имаат одговорност пред граѓаните и пред државата, да се вклучат во процесот и преку дебата и конструктивност да придонесат во носењето на конечната одлука“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...