Бред Пит беше забележан во Лос Анџелес само неколку часа откако неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли поднесе судски документи, во кои го обвини дека фатил за гуша едно од нивните деца, му удрил шлаканица на друго, а неа ја фатил за косата и ја треснал од ѕидот во текот на жестока расправија во приватен авион пред шест години.
Џоли (48) тврди дека нивниот брак се распаднал на летот во септември 2016 година, за време на кој Пит (58), наводно, бил насилен кон неа и кон нивните деца, кои тогаш биле на возраст меѓу осум и 15 години, се наведува во судските документи. Таа вели дека Пит „првин вербално ја нападнал откако ја обвинил дека премногу ги почитува децата, а 90 минути подоцна почнал да ѝ вика, ја турнал во ѕидот од бањата и ја удирал во таванот на авионот со тупаници“. Пит призна дека им викал на децата, но негира дека ги удирал. Извор близок до Пит во меѓувреме ја обвини Џоли дека манипулира со наративот „за да го добие она што го сака“. Во изјава за „Дејли мејл“ истиот извор рече: „Нејзината приказна постојано се развива, таа додава целосно невистинити информации“.
Последните обвинувања од Џоли доаѓаат среде правната битка за продажбата на нејзиниот дел од винарницата во Франција. Oскаровецот, облечен во тексас од глава до петици и во бели патики, беше виден како излегува со голема брзина од деловен комплекс во Лос Анџелес.