[ad_1]
Откако Манчестер Јунајтед потврди дек Кристиано Роналдо е исфрлен од тимот и нема да патува на гостивањето кај Челзи, се огласи и Португалецот.
Роналдо демонстративно го напушти натпреварот на две минути пред завршувањето на мечот со Тотенхем и одби да влезе во игра.
Тен Хаг го исфрли од тимот, а сега се огласи и Роналдо со соопштение.
„Како што и секогаш правев во мојата кариера, се трудам да живеам и играм со почит кон моите колеги, моите противници и моите тренери. Тоа не се променило. Јас не се променив. Јас сум истата личност и истиот професионалец каков што бев играјќи во елитниот фудбал 20 години, и почитта отсекогаш играла многу важна улога во донесувањето на моите одлуки“.
„Почнав многу млад, постарите и најискусните фудбалери секогаш ми беа многу важни. Затоа, подоцна, отсекогаш се трудев да бидам пример за помладите кои созреваа во сите тимови каде што играв. За жал, тоа не е секогаш возможно и понекогаш жестината на моментот нè надвладува“.
„Во моментов, само чуветвувам дека треба да продолжам да работам напорно во Карингтон, да ги поддржувам моите соиграчи и да бидам подготвен за секој натпревар кој ќе ми биде даден. Предавање под притисокот не е опција. Никогаш не било. Ова е Манчестер јунајтед и обединети мора да останеме. Наскоро повторно ќе бидеме заедно“, истакна Роналдо.