Се породи ѕвездата од серијата The Big Bang Theory: Се огласи со емотивна објава (ФОТО)

Apr 4, 2023

[ad_1]

Познатата холивудска актерка и ѕвезда на серијата „The Big Bang Theory“, Кејли Куоко, се породи и роди девојче.

Таа се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и објави фотографија од своето бебе.

Двојката на својата ќерка ѝ го даде името Матилда, а актерката откри дека се породила на 30 март.

„30.03.2023 година. Ви ја претставуваме Матилда Кармин Ричи Пелфри, новата светлина на нашите животи. Пресреќни сме и благодарни за ова мало чудо. Им благодариме на лекарите, медицинските сестри, семејството и пријателите кои неизмерно ни помогнаа во последните неколку дена. Ние сме неверојатно благословени“, напиша Кејли на Инстаграм, заедно со неколку фотографии од нејзината ќерка.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ