PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Се степале две семејства во Штип, во полиција завршиле 11 штипјани

Jul 15, 2024

Викендов во Штип се случила голема тепачка меѓу две семејства, полицијата информира дека биле приведени 11 штипјани.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Приведените нападнале седум членови од друго семејство. Во полицискиот извештај за медиумите нема информација за причините што ја предизвикале оваа масовна тепачка, а не се знае ни дали има повредени.„На 13.07.2024 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода З.М.(27), М.С.(29),М.К.(27), А.К.(24), М.К.(50), М.К.(30), Ш.К.(52), Е.Д.(43), Џ.Д.(23), А.Д.(25) и Џ.Ј.(28) сите од Штип, по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со членови од друго семејство, Ј.М.(43), Е.М., М.М., З.М.(19), Г.М., Р.М. и Г.М., а биле употребени и разни тврди предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ