Се запали багер во центарот на Загреб, удрил во цевка за гас


Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека се надева дека Србија ќе им се придружи на другите земји од Западен Балкан и ќе воведе санкции кон Русија по формирањето на новата влада во Белград.

„Речиси сите земји од Западен Балкан се согласија на некој начин да ја натераат Русија да ја плати цената за таа (инвазија) преку санкции, преку поддршка за Украина и нејзиниот народ. Се надевам дека Србија ќе се приклучи на таа група и дека ќе се усогласи со санкциите кога ќе ја формира Владата“, рече Ескобар во онлајн обраќањето на Самитот за демократија на Југоисточна Европа во Будва.

Тој на собирот на кој присуствуваа претставници од САД, ЕУ, Велика Британија и од Западен Балкан рече дека Србија е единствената земја во регионот која не воведе санкции кон Русија.

Американскиот пратеник го поздрави фактот што и ЕУ и НАТО ја потврдија „политиката на отворени врати“.

„Мислам дека е важно ЕУ да ја потврди својата политика на отворени врати. И таа политика не се однесува само на Украина и другите земји во ризик, туку нè потсетува и дека уште шест земји се во ред пред Украина“, посочи Ескобар.

Тој посочи дека земјите од Западен Балкан постигнале „огромен напредок“ и „импресивни реформи“ и изрази надеж дека Европа ќе го спроведе она што го кажува денес кога станува збор за европската интеграција на Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...