Секретарот за внатрешни работи на Хонг Конг поднесе оставка поради присуство на голема забава за време на пандемија

Секретарот за внатрешни работи на Хонг Конг Каспар Цуи денеска поднесе оставка како одговор на критиките на јавноста откако се дозна дека присуствувал на роденденска забава во јануари, по што две лица биле позитивни на коронавирус од 200 присутни.

„Донесов погрешна одлука да присуствувам на прослава на 3 јануари и се однесував на несоодветен начин кога сите напори требаше да бидат посветени на контрола на ширењето на вирусот“, рече политичарот во писмената изјава. „Ќе преземам одговорност за моите постапки и затоа одлучив да поднесам оставка од функцијата секретар за внатрешни работи“, јави ДПА.

Прославата, на која присуствуваа и полицискиот началник Рејмонд Сиу и шефот на Одделот за имиграција Ау Ка-ванг, предизвика жестоки критики кај жителите на Хонг Конг, кои укажаа на двојните стандарди кои важат за политичарите и за населението. Непосредно пред тоа, здравствените власти на специјалниот административен регион сè уште го советуваа населението да избегнува големи собири.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...