[ad_1]
Грешите ако мислите дека во ова време на пандемијата нема концерти. Има, но под строго внимателни здравствени мерки. Тоа оваа есен го потврдува и мегапопуларниот бугарски пејач, контровезниот Азис. Тој е заминат на турнејата во САД во друштво на својата колешка, бугарската пејачка Галена и ако се зборуваше дека на турнејата во САД со нив ќе биде и српската пејачка ѕвезда Весна Змијанац, но тоа не се случи. Весна остана дома во Србија, а Азис и Галена ќе ги забавуваат фановите во Чикаго, Њујорк, Вашингтон, Лос Анѓелес….и секако во неколку дискотеки на топлата Флорида на која се наоѓа, ама само приватно популарната Лепа Брена.

–
Упатените велат дека Азис изразил желба да се види со Лепа Брена, бидејќи поодамна сонува да сними песна во дует со српската фолк ѕвезда која му е идол од почетоците на неговата кариера. Првиот концерт (со Галена, а и обратно) за своите фанови Азис ќе го има во Компас-Арената во Чикаго, а музичката турнеја продолжува во Лас Вегас и така натака. Се погласно се слушаат муабети дека за концертите на Азис со сексапилната Галена, билети бараат и македонските иселеници кои го обожаваат овој бугарски пејач. Какво е тоа емотивно богатство. Азис во живо!!! Па, нели?! (Д.М.) фото:ФБ